Додека многумина беа убедени дека Деми Мур ќе го добие Оскар за улогата во филмот „The Substance“, наградата на крајот отиде во рацете на Мајки Медисон, а според извори блиски до актерката таа многу тешко го поднесува овој пораз.
Ќерката на актерката Талула на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која се гледа што прави Деми по враќањето од Оскарите каде остана без награда.
Имено, Мур може да се види со кучето во скут додека седи во бањарка покрај две чинии помфрит.
„Мојот победник“, напиша Талула покрај фотографијата на која Деми позира со насмевка.
Сепак, извори блиски до актерката тврдат дека таа не го поднела толку добро поразот на Оскарите. Тие соопштија за Page Six дека таа „не може а да не биде скршена откако ја изгуби наградата за најдобра актерка од ѕвездата на „Анора“ Мајки Медисон.
„По освојувањето на Златниот глобус во истата категорија, таа навистина се надеваше дека ја обезбедила оваа победа. Деми многу тешко го поднесува овој пораз затоа што чувствуваше дека ова е конечно нејзината шанса да однесе Оскар дома“, рече тој.
Мур сподели видео на Инстаграм во понеделникот на кое се прикажани моменти од зад сцената од нејзиното искуство со Оскарите, пишувајќи: „Како што завршува оваа сезона на награди, толку сум преплавена со благодарност за ова патување. Многу сум благодарна на мојот тим, на моите колеги номинирани и на сите што го направија ова искуство толку полно со радост и светлина“, сподели таа.
Мур ја заврши својата порака честитајќи и на ѕвездата на „Анора“ Мајки Медисон, која на крајот ја однесе дома златната статуетка.