📹Маск претстави „армија“ роботи: Дали филмот „Јас, робот“ станува реалност?

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Илон Маск ја претстави својата армија од роботи Tesla Optimus, а еден вреди 30.000 долари.

Тие се дизајнирани да помагаат во домашните работи, а многумина гледајќи ги веднаш помислиле на филмот „Јас, робот“ и дистописката иднина прикажана за него, пренесува „Дејли Мејл“.

На видеото може да се видат хуманоидни роботи како вкочанети чекорат по сцената еден зад друг, додека публиката гледа зачудено.

Маск рече дека учесниците би можеле да им пристапат на роботите Optimus и тие би правеле работи како што се сервирање пијалоци.

Цената на еден робот Optimus е од 20 до 30 илјади долари.

„Може да го шета вашето куче, да ви го коси тревникот, да набави намирници или едноставно да ви биде пријател“, рече Маск.

Слични содржини