📹Откако излезе од затвор, Борис Бекер се пофали со среќната вест – доаѓа бебе!

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Борис Бекер е познат по својот бурен приватен живот, вклучувајќи три брака, деца од различни врски и бројни афери кои често ги исполнуваа насловните страници. Неговиот брак со Барбара Бекер заврши откако тој призна дека имал афера со Анџела Ермакова, со која ја доби ќерката Ана, а во 2024 година тајно се ожени со Лилијан де Карваљо Монтеиро, која е 23 години помлада од него.

Дека е среќен со убавата Лилијан докажува и веста што ја споделија на социјалните мрежи – тие очекуваат дете!

Тениската ѕвезда сподели видео на Инстаграм на кое неговата сакана Лилијан, нежно го гали својот веќе видлив труднички стомак пред огледалото.

„Мало чудо е на пат… Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Борис Бекер покрај објавата.

Веста за бременоста доаѓа откако 57-годишникот веќе ја објави својата желба да има дете со својата партнерка Лилијан во своето прво интервју по неговото предвремено ослободување од затвор во 2022 година.

„Сè што ме мотивира е поради моите деца“, рече Бекер во 2022 година по речиси седум месеци во затвор.