📹Откако ја турна Салма, Никол Кидман снимена во напнат разговор со Џоди Фостер

од Vladimir Zorba
3,2K прегледи

Иако се веруваше дека 58-годишната Салма Хајек и една година помладата Никол Кидман се добри пријателки, очигледно меѓу нив има некои нерешени работи. Кон крајот на септември во Париз, во рамките на Модната недела, се одржа ревијата на Баленсијага, на која секако се собраа голем број познати фаци, а овие две холивудски актерки имаа место во првиот ред.

Неколку недели подоцна, видеото од фотографите кои ги замолуваат Никол и Салма да позираат со пејачката Кети Пери стана вирално на социјалните мрежи, но на австралиската актерка очигледно не и се допадна идејата.

Салма во еден момент се обиде да ја сврти Никол кон фотографите, за тие да позираат, но Никол грубо ја фати за рака и ја оттурна, свртувајќи се со грбот кон фотографите. После тоа, Никол се поздрави со Кејт Пери и размени неколку зборови, судејќи по изразите на нивните лица, не многу фини, а потоа си заминала.

Таа приказна сè уште не згаснала, а познатата Австралијка веќе се погрижила за „нов инцидент“ на овогодинешното доделување на Златните глобуси.

Ново видео на Никол Кидман и Џоди Фостер како имаат прилично напнат разговор стана вирално, иако Австралијката се обидува да се насмее за да покаже дека се е во ред.

Експертот за говор на телото откри дека, судејќи според положбата на телото, разговорот бил доста вознемирувачки и дека се случува „нешто доста жестоко и интензивно“, иако сето тоа траело многу кратко.

На самиот почеток на разговорот, Кидман дури и ја држеше за надлактиците Фостер, која вчера го освои петтиот Златен глобус и ја погледна внимателно во очи, кажувајќи и нешто што само двете го знаеја, по што Џоди се обиде да „прошета“ далеку од целата ситуација, објаснувајќи нешто на помладата колешка.

Слични содржини