Самоуправувачките, автономни возила сè уште се новитет на патиштата, а речиси секој ден во сообраќајот се случуваат надреални сцени. Последниот пример доаѓа од Америка, каде самовозечкото такси Waymo залутало во спротивна насока, а кога полицијата го запрела се случило очекуваното. Зад воланот немаше никој.
На снимката од местото на настанот се гледа како полицаецот излегува од својот автомобил и се приближува до самовозечкиот Јагуар за да открие дека никој не се наоѓа зад воланот. Сепак, прозорецот на возачот сè уште се спушта како возачот да е во кабината, но полицаецот тогаш може да разговара само со службата за корисници, односно со операторот за поддршка преку телекомуникациската технологија во автомобилот.
По неколку минути борба, полицаецот конечно се откажа од казната.
Компанијата Waymo, која управува со ова роботско такси, првично одби да разговара за инцидентот кога им пријдоа новинари, но кога тие рекоа дека дефинитивно ќе ја објават приказната, компанијата попушти, пишува Carscoops.
Тие тврдат дека нивното возило наишло на „неконзистентни сообраќајни знаци“ и дека „системот за навигација бил блокиран околу 30 секунди“.