📹Рајан Рејнолдс е арогантен и вообразен, вели актер кој работел со него на Deadpool

од Vladimir Zorba
775 прегледи

Повторно се шират не толку пријатни наводи за Рајан Рејнолдс (48), среде судската битка меѓу неговата сопруга Блејк Лајвли и Џастин Балдони, во која се споменува и тој.

Комичарот Ти Џеј Милер, познат по улогата на Визел во филмската франшиза Deadpool, тврди дека Рејнолдс бил „ужасно груб“ со него на снимањето и го опиша како „несигурен“.

Милер ги даде овие изјави во 2022 година на поткастот The Adam Carolla Show, но сега тие повторно станаа вирални поради медиумскиот фокус на правната битка помеѓу Лајвли и Балдони.

„Беше ужасно груб кон мене како ликот Визел, но и како личност“, изјави Милер. Тој изјави дека Рејнолдс еднаш му рекол: „Знаеш што е прекрасно со тебе, Ласица? Ти не си ѕвезда, но носиш доволно изложеност за да можеме да се вратиме на вистинскиот филм“.

Милер додаде дека ситуацијата е „чудна“ и дека мисли дека Рејнолдс можеби бил несигурен.
„Мислам дека го кажа тоа затоа што не можеше да ја поднесе помислата дека можеби ќе бидам посмешен од него или ќе имам поголемо искуство во филмови“.

Милер, исто така, рече дека верува оти Рејнолдс се променил по огромниот успех на првиот Deadpool. „Тој стана супер, супер славен и ми се чини дека неговиот став се промени“.

Правната битка започна кога Лајвли (37) поднесе тужба против Балдони (41), обвинувајќи го за сексуално вознемирување и создавање непријателска работна средина за време на снимањето на филмот „It Ends With Us“.

Балдони ги отфрли обвинувањата и поднесе противтужба од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и нејзиниот публицист Лесли Соан, тврдејќи дека тие се обиделе да го оцрнат по објавувањето на филмот.

Многумина сега тврдат дека непријатната атмосфера на снимањето ја предизвикал Рејнолдс, поради љубомора.

Слични содржини