📹Сценарио за кое се плашиме да размислуваме: Како би изгледала Земјата доколку се стопи целиот мраз?

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Климатските промени се реалност, а глечерите на планетата се топат брзо, дури и побрзо од очекуваното. Има доволно мраз на планетата за овие факти да предизвикаат загриженост.

Имајќи ги предвид двете најголеми ледени плочи на Земјата, онаа на Антарктикот и онаа на Гренланд, кои заедно се протегаат на 15,54 милиони квадратни километри, јасно е дека тоа е многу голема количина и дека би било катастрофа ако се стопи сиот тој мраз.

Видеото направено од Business Insider Science пред неколку години покажува како точно би изгледале нашите брегови доколку се стопи целиот копнен мраз. Многу европски градови како Брисел и Венеција всушност би биле под вода.

Во Африка и на Блискиот Исток, Дакар, Акра и Џеда ќе исчезнат. Милиони луѓе во Азија, во градовите како Мумбаи, Пекинг и Токио, ќе бидат раселени и ќе мора да се преселат во внатрешноста.

Јужна Америка би останала без градови како Рио де Жанеиро и Буенос Аирес, а во САД ќе гледаме места како Хјустон, Сан Франциско и Њујорк и целата држава Флорида, полека исчезнуваат во морето.

Слични содржини