Во Ниш вчера дојде до судир меѓу гневните граѓани и функционерите на Српската напредна странка (СНС), кои се обиделе да одржат митинг во градот, но не успеале. На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои граѓаните многу јасно покажуваат што мислат за политичарите.
Една од целите беше Милорад Јеркан, директор на Здравствениот дом во Ниш. Во февруари годинава беше уапсен заедно со градоначалничката на Ниш, Драгана Сотировски и уште 12 функционери под сомнение дека како членови на Штабот за вонредни состојби ја злоупотребиле положбата гласајќи за предлози со кои градоначалникот има овластување да прогласи вонредна состојба на територијата на градските општини.
Milorad Jerkan, direktor doma zdravlja je veceras dobro ispohovan 🥚🥚 pic.twitter.com/50PsMUGt7T
— Ne lomite mi bagrenje (@janjic_vladan) March 21, 2025
На Драгана Сотировски вчера и беше продолжен притворот за нови 30 дена, додека Јеркан, иако на слобода, не се забавуваше по улиците на Ниш. Тој се упати кон митинг што синоќа се обиде да го одржи СНС, партијата на претседателот Александар Вучиќ, но митингот на крајот беше откажан поради големото незадоволство на граѓаните што можеше да се види и слушне на секој чекор, пренесе Нова.
Снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат како граѓани фрлаат со јајца кон Јеркан. Но, сето тоа не завршило, гневните граѓани продолжиле да го следат низ градот, упатувајќи навреди кон него и продолжувајќи да фрлаат по него со јајца.
Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава од хотелот „Наис“, на околу 15 минути од Ниш, во која рече: „Наскоро доаѓам во Ниш да ги растерам сите насилници“.