Пакс Џоли-Пит предизвика нова сообраќајна несреќа додека возеше електричен велосипед во Лос Анџелес.
Оваа сообраќајна несреќа се случила само шест месеци откако бил хоспитализиран поради повредите здобиени во претходната несреќа.
Имено, 21-годишникот се движел со својот велосипед низ населбата Лос Фелиз кога удрил во страна на автомобил, оставајќи голема вдлабнатина на совозачката врата.
Според видеото кое кружи на социјалните мрежи, Пакс го возел велосипедот без раце пред да скршне и да удри во автомобил.
Потоа бил снимен како разговара со луѓето кои излегле од возилото за да ја видат штетата.
#AngelinaJolie and #BradPitt's son, #PaxJolie-Pitt, keeps playing with fire … because he crashed his e-bike again … smashing into a car and causing major damage.
All we know about what happened 👉 https://t.co/YrQtGuRb3w
🎥: Backgrid pic.twitter.com/BnO8EQB0qp
— TMZ (@TMZ) January 24, 2025
Медиумите ги контактирале претставниците на Анџелина Џоли за повеќе детали, но се уште не добиле одговор.
Сепак, Пакс изгледаше добро и продолжи да вози велосипед потоа.
За разлика од претходната несреќа, кога во јули минатата година се здоби со тешки повреди на главата, овој пат носел кацига.
Кога разговарал со итната помош, тој се пожалил на повреда на главата и болки во колкот, па лекарите се плашеле дека има крвавење во мозокот.
Откако излегол од болница, извор близок до семејството изјавил дека Пакс во несреќата претрпел „комплексна траума“.
Други извори, исто така, претходно открија дека Пакс бил вклучен во бројни несреќи, поради што неговите пријатели и членовите на семејството биле загрижени за неговата безбедност.