📹Снуп Дог стана хит по отворањето на ОИ! Погледнете зошто

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Во петокот Снуп Дог (52) имаше голема улога меѓу многуте познати фаци на отворањето на Олимписките игри. Имено, раперот бил меѓу последните носители на олимпискиот факел, а го носел низ улиците на Сен Дени. Тој беше ангажиран од американската мрежа NBC како ко-коментатор на Олимписките игри, а се чини дека оваа одлука им се допадна на многумина. Социјалните мрежи се „преплавени“ од бројни видеа на раперот.

@lemotoristedu42

Flamme olympique Snoop Dog

♬ son original – DZ-PERFORMANCE 42

Раперот стана вирална сензација на социјалната мрежа TikTok. Во оптек кружи видео на кое раперот танцува со чадор.

@sitchchick Snoop Dogg is living his best life at the Olympics #fyp #paris2024 #olympics #fyf #openingceremony #snoopdogg #trending #capcut #sitchchick ♬ Alibi – Sevdaliza & Pabllo Vittar & Yseult

„Ова е вистинско американско богатство“, „Ова ни требаше“, „Вака сакам да уживам во животот“, „Се надевам дека ќе бидам толку кул кога ќе остарам“, се само дел од коментарите.

@rap Y’all rockin’ with #SnoopDogg at the #Olympics ⁉️🔥 Via: @NBC Olympics & Paralympics #RapTV #snoop #snoopdog #snoopdoggydogg ♬ original sound – RAP

Снуп Дог трчаше и на 200 метри на тренингот на тимот САД во Орегон. Тој трчаше со освојувачи на олимписки медали Атом Болден и Валас Спирмон.

Слични содржини