📹Тотален хаос во Париз: Француската полиција уапси речиси 300 хулигани

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Речиси 300 навивачи на Пари Сен Жермен беа уапсени синоќа во француската престолнина по финалето на Лигата на шампионите во кое „Светците“ го декласираа Интер и ја освоија европската титула.

Екипата на Луис Енрике славеше со резултат од 5:0, а прославата на европската титула во Париз не помина како што се очекуваше. Наместо песни и прослави, видовме вистинска анархија на улиците на главниот град. Прославата беше одбележана со бројни инциденти на неколку локации во Париз, па полицијата мораше да интервенира доцна во ноќта.

Инцидентите главно се случија во квартот Порт де Сен Клу, како и на Шанзелизе, а според податоците од париската полиција, по немирите беа уапсени 294 лица. Многумина поседуваа пиротехнички средства и запаливи материјали, па полицијата мораше да користи водни топови и солзавец како заштита.

На Плоштадот Етоал, демонстрантите ја пробија полициската бариера, а на Шанзелизе беше запален автомобил, а продавница за чевли беше ограбена.

Во Порт де Сен Клу, два автомобила беа запалени, а автобуска станица беше вандализирана.

Слични содржини