📹Жена бара отштета од два милиони долари поради документарниот филм за Playboy: Еве зошто ги тужи

од Vladimir Zorba
45 прегледи

A&E се соочува со тужба поради својата документарна серија Secrets of Playboy. Имено, Џенифер Јауреги тврди дека ги користеле видеата на кои таа е гола и дека овие видеа, како што таа тврди, се направени во минатото без нејзина согласност во Playboy вилата на Хју Хефнер, пишува TMZ.

Во тужбата, Џенифер тврди дека била ангажирана како танчерка во 2001 или 2002 година да работи на настан на Playboy и била снимена како танцува речиси гола. Таа тврди дека никогаш не дала согласност нејзиното голо тело да биде прикажано во документарната серија и ја тужи A&E за „комерцијална и сексуална експлоатација“.

Во својата тужба, Џенифер тврди дека A&E прво ја покажала гола во првата епизода од втората сезона и вели дека снимката се повторува во следните епизоди од втората сезона, без нејзина согласност или надомест.

Таа изјави дека нејзиниот живот драстично се променил откако тоа видео е снимено во вилата на Playboy. Таа се омажи и стана мајка и е „скршена од оваа експлоатација, а особено во овој момент од нејзиниот живот“, тврди Џенифер, која бара отштета од најмалку 2 милиони долари од A&E.

Secrets of Playboy ги пренесува сведоштвата на оние кои биле блиски до Хефнер и Playboy империјата што тој ја создал.

„Она што се обидувам да го кажам е дека Хефнер уништи многу животи. Тој беше гладен за моќ, не се грижеше за животите на овие жени. Се беше за тоа како луѓето го гледаат. “, тврдеше Пи Џеј Мастен, која работеше како „мајка на Playboy зајачиците“.

„Јасно беше дека ние не сме ништо за него. Тој беше како вампир. Тој им го цицаше животот на тие млади девојки во текот на сите тие децении”, додава Сондра Теодор, девојката на Хефнер кон крајот на 1970-тите.

Хефнер почина во 2017 година на 91-годишна возраст.

Слични содржини