📹Жителите и туристите се евакуираат: Пожарот над Шенѓин се шири во близина на хотели и апартмани

од Илинка Илиоска
47 прегледи

Пожарот што гори во познатото албанско  туристичко место се доближил многу блиску до одморалиштата поради што во текот на ноќта биле евакуирани голем број туристи, но и жителите од областа, пренесуваат албанските медиуми.

Ситуацијата кај пристанишниот град Шенѓин, е влошена во текот на ноќта поради ширењето  на пожарот што е предизвикано од ветерот.

Пожарникарите во текот на ноќта интервенирале во гаснење на пожарот, а утринава е вклучен и хеликоптер.

„И по интервенцијата со хеликоптер беше невозможно целосно да се изолираат пожарите кои поради силниот ветер во текот на ноќта повторно се активираа во некои области на планината над Шенѓин“, објавија медиумите.

Полицијата го блокирала патот што води кон туристичката област Рана и Хедхун за да избегне опасност за жителите и туристите.

На терен се 20 противпожарни возила од повеќе градови, Леже, Мирдита, Камза, Тирана и Берати Фиери, Лушња, Вау и Дејс и Скадар.

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала вели дека ситуација е исклучително тешка и ризикот е сè уште висок.

„Одлично си ја вршат работата со хеликоптерот, ве повикувам да продолжите со овој интензитет успешно да го завршиме соочувањето со оваа исклучително тешка ситуација, која продолжува. Треба добро да управуваме со нашите сили бидејќи вистината е дека имаме многу други пожари во одредени области. Донесовме сили овде од Берат, од Фиер, се разбира, од Тирана, Камза или соседните општини со општина Лежа и треба да го ставиме целосно под контрола во текот на денешниот ден за да бидеме подготвени за други и потешки ситуации“, изјави Бала.

Пожарот на планината над Шенѓин е активен од 28 јули

Слични содржини