Полицијата во Франкфурт отвори истрага по објавувањето на видеото на кое се гледа како стјуардите тепаат навивач на натпреварот Португалија – Словенија во осминафиналето на Евро 2024 година.
– Свесни сме за видеото и истражуваме случај на нанесена телесна повреда, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на полицијата во Франкфурт, Бинто Лонда.
🚨 Um adepto foi agredido a soco e pontapé pelos seguranças da Arena de Frankfurt onde a Seleção Nacional defrontou a Eslovénia na noite desta segunda-feira#euro2024 pic.twitter.com/kXAl6Qw2C8
— Record (@Record_Portugal) July 2, 2024
Претходно УЕФА ги осуди стјуардите кои го претепаа навивачот.
Инцидентот се случи откако беше досуден пенал против Словенија во судиското продолжение. Неколку службеници за спроведување на законот го држеа мажот и го удирале со клоци и тупаници во близина на влезот на трибината