📽️„Крвта никогаш нема да се измие“: Сите ги коментираат Путин и патријархот Кирил на литургијата што ја емитуваше и омилената телевизија на Трамп

од Nikola Popovski
145 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин им се придружија на другите верници на велигденската богослужба предводена од поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.

Путин присуствуваше на Велигденската служба неколку часа откако прогласи еднострано велигденско примирје за кое Киев рече дека се само зборови додека борбите продолжуваат.

Држејќи запалена запалена свеќа и облечен во темен костум, бела кошула и црвена вратоврска како и претходните години, рускиот лидер неколку пати се прекрсти кога Кирил изговори „Христос воскресе“.

Традиционално, богослужбата започна доцна во саботата и продолжи до раните утрински часови во неделата.

Инаку, службата во живо ја пренесуваше и американската „Fox News“, кој заинтригира многумина и предизвика вистинска дебата на „X“ каде се зброуваше дали Путин се однесува како вистински христијанин и дали е христијанин штом изврши голем напад на Велики петок.

„Има ли нешто лошо во тоа? Путин е побожен христијанин“, „Путин е вистински христијанин…за разлика од Трамп“, „Затоа што е Велигден“, се дел од коментарите кои го поддржаа Путин.

„Не сте слушнале за примирјето? Путин ги обожава христијанските вредности на мирот и хармонијата итн. – барем неколку часа, додека не се вратиме на машината за мелење месо“, „Фокс му даде повеќе простор на Велигден на Путин отколку на украинските цивили кои ги преживеаја руските воздушни напади“, Шестата заповед – не убивај. Крвта од рацете на Путин никогаш нема да се измие“, беа дел од коментарите во кои се критикуваат Путин и Фокс.

Се коментираше и она што го кажа рускиот патријарх на литургијата.

На богослужбата, патријархот Кирил, кој е еден од најголемите украински поборници за војна, рече дека „може да се воспостави траен и праведен мир на огромните пространства на историска Русија“, објави државната новинска агенција РИА, мислејќи на средновековната територија која опфаќа делови од денешна Украина, Белорусија и Русија.

„Како што е добро кажано, не повредувајте ги другите и не постапувајте со другите онака како што не би сакале да се однесуваат со вас“, рекол Кирил, цитиран од новинската агенција ТАСС.

Патријархот Кирил силно ја поддржа агресијата врз Украина, која трае цели три години.

Десетици илјади луѓе, и руски и украински војници, се убиени (некои веруваат дека има повеќе од 100.000 на секоја страна), во руските напади загинаа и најмалку 12.000 украински цивили, а милиони беа протерани од своите домови откако Путин нареди инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Неговите пораки на литургијата некои ги коментираа како „лицемерие што го одзема здивот“.

Слични содржини