Песната „Ne mogu ti reći“ на познатиот далматински пејач Оливер Драгојевиќ беше премиерно изведена денеска на хрватските радио-станици, а утре ќе излезе заедно со видео-спотот.
Најавен е и цел албум со песни кои досега никогаш не биле објавени.
-Неописливо сме среќни што овој петок во 9 часот на Јутјуб каналот на „Aquarius records“ ќе го споделиме со вас спотот за новата песна на Оливер Драгојевиќ! Песната можете да ја слушате ексклузивно од четврток во 11 часот во програмите @bravo.feeling и @radiodalmacija. „Ne mogu ti reći“ – 1.3.2024. на сите сервиси и радио станици“, објавија на официјалниот Инстаграм профил на починатиот музичар.
Оливер Драгојевиќ почина во јули 2018 година на 70-годишна возраст. Имаше плодна музичка кариера и зад себе остави бројни безвременски хитови.
View this post on Instagram
Фото: ZV Photo Agency / Željko Vidinović