📽️Снимката на која Меланија и Доналд Трамп се бакнуваат го сруши Интернетот поради „бесрамниот“ потег на првата дама

од Nikola Popovski
127 прегледи

„Ја сакам оваа луда Словенка“, „Оваа жена докторирала став – дека никој не се осмелил да ми пријде“, „Меланија е дама и точка“, „Тоа се вика – нема да ми ја уништиш шминката“ ..ова се само дел од коментарите за изгледот на Меланија Трамп, првата дама на Америка, по инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Зошто? Затоа што се појави во модна комбинација наречена „моден оклоп“ која ги спречува сите околу неа да и пријдат, па дури и нејзиниот сопруг.

Трамп имаше желба да ја бакне сопругата пред да положи заклетва, но тоа не се случи. Меланија Трамп во долг, до колена, скроен капут, надополнет со „ниска и широка“ капа која и ги криеше очите и ги спречуваше другите да ја бакнуваат, стана интернет сензација.

Новоизбраниот претседател не можеше да се доближи до лицето на сопругата – па наместо класичен бакнеж, тие се „бакнаа во воздух“.

Шегите за капата и бакнежот меѓу Меланија и Доналд не престанаа со часови по инаугурацијата. Шапката на Меланија Трамп стана интернет сензација. Корисниците ја зумираа, споредувајќи ја со капата на Џими Кери од филмот „Маска“, па дури и со иконската капа на актерот и пејач Били Портер, која имаше своја завеса.

 

Слични содржини