📽️Во Шпанија уапсени 17 џепчии од БиХ кои планирале да крадат и на Олимписките игри

од Nikola Popovski
30 прегледи

Шпанската полиција во соработка со Европол уапсила 17 џепчии, со потекло од Босна и Херцеговина.

Нивната главна цел биле туристите, а иако најчесто оперирале во Мадрид и Валенсија, истрагата открила дека редовно патувале и во Андалузија, пренесува „Index.hr“.

Лицата планирале и специјална операција во Париз со оглед на големиот број туристи и љубители на спортот во градот за време на Олимпијадата.

Пронајдени два скапи автомобили, 10.000 евра во кеш

При претрес на куќи, одземени се две скапи возила и речиси 10.000 евра во готовина, меѓу кои и странски валути како колумбиски пезоси, шведски круни и индиски рупии.

Очигледно, машките членови на бандата координирале сè, а жените краделе, често под закани од мажите. Тие имале фалсификувани документи со лажни идентитети, а некои од нив наводно илегално биле донесени во Шпанија.

Уапсените се осомничени за кражби, трговија со луѓе, измама, перење пари и фалсификување документи.

Слични содржини