📽📸Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум и оваа година воодушеви со својата маска

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Хајди Клум успеа повторно да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.

Поранешната манекенка, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, организирала забава во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц дојдоа облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година. Режисер на филмот е Стивен Спилберг.

Хајди ги покажа нивните костими на Инстаграм. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодите“ што им подготвува оваа година.

Повеќе од 20 години, Клум педантно ги изработува своите костими за Ноќта на вештерките и ги воодушевува своите обожаватели. Така го добила прекарот Кралица на Ноќта на вештерките.

Зборувајќи за People, таа рече дека станува нервозна пред да ги покаже своите костими. „Секогаш се чувствувам вознемирена“, откри таа.

„Не ги пробувам моите маски и костими, не можам да ги пробам пред самата Ноќта на вештерките. Така што никогаш не знам дали сè ќе функционира совршено. Потоа се случува нешто неочекувано и јас сум како: „О Боже. “, рече Хајди.

Минатата година Хајди на својата забава по повод Ноќта на вештерките се појави во костим на паун, а последните години приреди бројни изненадувања. Црв, Фиона од Шрек, врколакот од „Трилер“ на Мајкл Џексон, Вонземјанин, пеперутка, старица и Џесика Ребит се само дел од костимите во кои таа се појави во минатото.

Слични содржини