📽 Адел го прекина концертот за да му оддаде почит на починатиот Метју Пери: „Беше неверојатно храбар“

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Пејачката Адел одлучила да му оддаде почит на починатиот актер Метју Пери на нејзиното шоу во Лас Вегас по неговата шокантна смрт во саботата.

„Тој лик ќе го паметам до крајот на мојот живот“, започнала пејачката за ѕвездата од серијата „Пријатели“, која го глумеше Чендлер Бинг во споменатата хит серија.

Да потсетиме, Пери почина во својот дом во Лос Анџелес, а имаше 54 години.

Популарната пејачка, која претходно изјави дека се откажува од алкохолот, се осврна и на борбата на Пери со зависноста од дрога и алкохол, пренесува Page Six.

„Беше толку отворен за неговата борба со зависноста и трезвеноста, што мислам дека е неверојатно, неверојатно храбро“, истакна 35-годишната Адел.

Адел му се заблагодари на починатиот актер што внел „толку многу радост“ во нејзиниот живот, и покрај тоа што го познавала Пери само преку серијата. Таа, исто така, истакна дека ликот на Пери бил најважен во нејзиното детство, а еден од нејзините пријатели „многу добро го имитираше секогаш кога бев тажна“.

Слични содржини