📽 Актер бакна колега додека држеше говор на доделувањето на Еми наградите

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Годинешното 75-то доделување на Еми наградите во Лос Анџелес го одбележаа бројни моменти кои ќе се прераскажуваат низ светот.

Хумористичната серија The Bear, која ја следи приказната за успешниот готвач Карми и неговите соработници, собра престижни награди на синоќешното доделување на наградите Еми.

Оваа продукција освои дури шест награди, со што заедно со драмската серија Succession стана апсолутен победник на вечерта.

Авторот на серијата, Кристофер Сторер, беше спречен да присуствува на доделувањето на наградите Еми поради инфекција со коронавирус, па наместо тоа, говор одржа готвачот Мети Метисон, кој во серијата игра електричар.

„Што има? Сакам само да им се заблагодарам на рестораните воопшто, и на целата угостителска индустрија“, го започна својот говор Метисон, но во понатамошното излагање беше прекинат од неговиот колега.

Имено, во следниот момент Ебон Мос-Бакрак му пријде на Метисон и страсно го бакна, а со својата постапка успеа да ја шокира публиката на церемонијата.

Покрај многубројната публика, Ебон успеа да го изненади и самиот Метисон, кој беше изненаден од реакцијата на колегата.

„Те сакам, Ебон“, рече Метисон, а потоа го продолжи говорот.

„Ги затворив очите. Мислам дека и Мети имаше затворени очи. Времето застана. Не знам колку години поминаа“, се пошегува Метисон по овој настан, пишува Variety.

Слични содржини