📽 Авион се урна во Австралија, меѓу жртвите и дете

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Најмалку две лица загинаа во авионска несреќа во северниот дел на Нов Јужен Велс во Австралија, соопшти во вторникот полицијата.

Авионот се урна во далноводи на околу 25 километри западно од градот Графтон.

„Се верува дека две лица во авионот загинале. Полицијата работи на идентификување на патниците во авионот“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.

Како што пишува локалниот портал 9news.com.au, во несреќата загинале маж и дете. Авионот се запалил откако удрил во далноводи во Лилидејл, во близина на Графтон, нешто по 8.30 часот. Полицијата соопшти дека патниците биле маж на возраст од триесет години и дете помладо од 10 години.

„Авионот пресече далновод, а последицата беше што потоа падна на брегот на реката Кларенс. За жал, леталото се запали по ударот“, изјавил инспекторот Арон ван Шеик.

Се верува дека авионот го напуштил брегот на Гулд синоќа, запрел во текот на ноќта на непозната локација, пред да го продолжи своето патување утрово. Во соопштението полицијата додава дека ќе соработува со воздухопловните власти во истрагата за околностите на несреќата.

Слични содржини