Спасувачките служби извеле драматична акција во Еверглејдс (национален парк во јужна Флорида), каде што се урнал мал авион Цесна.
Авионот паднал во водите полни со алигатори и други опасни суштества, а пилотот преживеал и успеал да се качи на оштетеното крило. Несреќата се случила на 31 октомври.
Специјализираните служби, кои пристигнале на местото на несреќата, објавиле дека пилотот седел на крилото, каде што бил заглавен девет часа, опкружен со алигатори и змии.
„Поради оддалечената локација и тешкиот терен ангажирана е службата за спасување од воздух“, соопштија надлежните.
Пилотот бил извлечен со помош на специјална сајла, а потоа префрлен во болница каде му биле констатирани полесни повреди, пренесува People.
„Од целата приказна излезе со повредена нога, откако го преживеа негостопримливиот Еверглејдс. Сите сме благодарни што е добро“, изјавил локалниот шериф Мајкл Кејн.