290
Дејвид Бекам уживал во специјалитети во луксузен ресторан, но се нашол и во малку бизарна ситуација. Имено, познатиот фудбалер јадел морска храна, а потоа бил хранет од менаџерот на ресторанот.
Бекам на својот Инстаграм ја покажа ретката морска храна која ја пробал.
„Една од моите омилени работи за јадење кога сум во Шпанија“, напиша легендарниот фудбалер покрај фотографијата.
Цената на оброкот е околу 100 евра, а во чинијата се служат од 15 до 20 парчиња школки. Тие се многу ретки и тешко се наоѓаат, поради што се многу скапи.
Дејвид Бекам важи за голем гурман, но и главен готвач во своето семејство.