📽 Дрејк во најновиот спот носеше двоглав орел и ѝ оддаде почит на Албанија, ја споменува и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
528 прегледи

Канадскиот рапер Дрејк изненади многу обожаватели ширум светот, откако во својот нов спот Polar opposites му оддаде почит на денот на државноста на Албанија.

Имено, вчера, среда, 29 ноември, ден откако Албанија го прослави Денот на независноста, Дрејк го објави својот нов спот кој ја шокираше нацијата.

Дрејк и група момци седат околу маса и сите носат исти црвени јакни, со симболот на двоглавиот црн орел на албанското знаме.

„Денот на независноста на Албанците можеби беше вчера, но Дрејк не мисли дека е доцна да се приклучи на славењето“, вака вчера пишуваше магазинот „Ролинг Стоун“ за новиот спот на популарниот канадски рапер.

Во текстот на песната се споменува дури и Приштина и состојбата која со години е тензична на подрачјето на Косово:

„Треба да ја оставиш сестра ти да биде гласот на разумот… Или погрешно ги толкувам твоите пораки и постапки, или само не знам како се одвиваат работите во Приштина, знам само дека тензијата расте“.

На социјалните мрежи со објавувањето на спотот и песната веќе се видливи многу коментари од албанските корисници, со пофални и благодарни зборови за почестувањето на Денот на албанското знаме од страна на раперот.

Слични содржини