Снимена е драматична расправија и тепачка на лет на „Рајанер“, а една патничка останала со крвав нос.
На летот од Бристол до Тенерифе во понеделникот настанал вистински хаос, патниците врескале и паѓале на подот. На видео кое кружи на интернет, можат да се видат две жени како се тепаат меѓу седиштата, додека другите патници викаат.
Не е јасно зошто започнала расправата, но и двете биле многу вознемирени.
„Рајанер“ соопшти дека била повикана полиција кога авионот слетал на шпанскиот остров.
Портпаролот на авиокомпанијата рекол: „Екипажот на летот од Бристол до Тенерифе (27 ноември) однапред ја повикал полицијата за помош кога патник почнал да го попречува летот. Авионот бил пречекан од локалната полиција по пристигнувањето на аеродромот во Тенерифе и проблематичниот патник бил отстранет. Ова сега е работа на локалната полиција“.