На социјалните мрежи кружи видео од пица мајстор од Флорида, на кое се гледа начин како да се „украде парче“ без клиентот да го забележи тоа, пишува „Њујорк пост“.
На почетокот го гледаме Џеј Рајан како вади пица од рерна и ја става на даска. Она што потоа го направи ги шокираше луѓето, а видеото е прегледано повеќе од 3,4 милиони пати.
Рајан го зема ножот и прави две паралелни пресеци по средината, оставајќи ја „лентата“ на масата, додека остатокот од пицата го става во кутијата.
@pizzajayryan
Потоа ги исекол двете половини на парчиња и практично е невозможно да се забележи дека нешто недостасува.
На крајот од видеото покажува кон посебната „лента“ и вели: „Вечера“.
Корисниците на TikTok беа шокирани од постапката која ја нарекуваат „кражба“, а сите коментираат дека отсега ќе бараат нивната пица да не се сече.