359
Старлетата Ким Кардашијан привлече големо внимание со својот костим за Ноќта на вештерките.
Имено, таа одлучила да го ископира изгледот на Салма Хајек од познатиот филм „Од самрак до зори“.
Станува збор за сцена во која Салма заводливо танцува во долна облека, а околу неа е намотана огромна змија.
Дека имитацијата беше успешна сведочи и фактот што актерката на својата Инстаграм приказна го споделила видеото од Кардашијан со пофални коментари.
„Браво. Многу сум почестена. Ми врати некои диви спомени“, напиша Хајек покрај објавата.