📽 Ким Кардашијан се појави на настан облечена во Сваровски кристали

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Старлетата Ким Кардашијан е активно ангажирана во својот моден бренд SKIMS и постојано претставува нови производи.

Таа сега реши да ги здружи силите со познатиот бренд за накит Swarovski и создаде колекција блескава облека „Swarovski and SKIMS“.

Нејзиниот потег е инспириран од познатиот фустан што Мерилин Монро го носеше во 1962 година кога му ја отпеа роденденската песна на тогашниот американски претседател Џон Кенеди.

Ким на Мет Гала го облече оригиналниот фустан на Мерлин Монро и предизвика скандал, бидејќи многумина веруваа дека тоалетата не треба да се вади од музејот и дека е невозможно да не се оштети, бидејќи Ким е изградена сосема поинаку од Мерилин.

Кардашијан сега на отворањето на продавницата Swarovski во Њујорк се појави во фустан од нејзината нова колекција, а се работи за кратка креација која целосно се состои од кристали Swarovski. Креативната директорка на Swarovski, Џована Енгелберт, е воодушевена што соработува со Ким.

Од друга страна, ниту Кардашијан не го крие задоволството од соработката.

„Отсекогаш сум била кристална девојка“, напиша таа покрај снимка на која носи различни фустани од нејзината нова колекција.

Слични содржини