📽 Легендарниот Боно Вокс пред настап го критикуваше Путин и му оддаде почит на Навални

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Пред неговиот настап, познатиот Боно Вокс му оддаде почит на Алексеј Навални, рускиот опозиционер кој почина во затвор.

Во својот говор, пејачот се залагаше за слободата на украинскиот народ и се спротивстави на рускиот лидер Владимир Путин, пред да ја предводи толпата да го скандира името на Навални.

„Следната недела ќе поминат две години откако Путин изврши инвазија и се обиде да ги уништи тешко стекнатите слободи на украинскиот народ. Следна ќе биде Полска, следната ќе биде Литванија, Источна Германија, кој знае до каде ќе оди овој човек. За овие луѓе, слободата не е само збор во песна.

За овие луѓе слободата е најважниот збор на светот – толку важна што Украинците се борат и умираат за неа. И толку е важно што Алексеј Навални одлучи да даде сè од себе“, рече Боно, мислејќи на доброволниот избор на дисидентот Навални да се врати во Русија во 2021 година, каде што веднаш беше уапсен по пристигнувањето и осуден, пишува Variety.

„Америко, ти си толку дарежлива, ајде да им го дадеме на овие луѓе тоа што им треба“, порача Боно во својот говор.

Слични содржини