Актерот Мел Гибсон неодамна беше снимен во јавност како се движи со помош на бастун и ортопедски чизми.
Имено, актерот бил на вечера со својата ќерка Луциа во ресторан во Малибу. Според медиумите, најверојатно тој бил повреден за време на снимањето на филмот Lethal Weapon 5.
Актерот, кој неодамна го прослави својот 68-ми роденден, за лежерната пригода носел сиви панталони, карирана кошула и сино сако.
Медиумите ги контактирале неговите претставници за коментар, но се уште не добиле одговор.
Инаку, Гибсон во 2021 година потврди дека ќе биде во главната улога во филмот Lethal Weapon 5, но и дека ќе биде задолжен за режијата. Во тоа време, тој рече дека сака да му оддаде почит на оригиналниот режисер, покојниот Ричард Донер, кој го напиша сценариото и требаше да го режира продолжението пред неговата смрт.