294
На песочната плажа Кејп Реј во Њуфаундленд, Канада се појави руина од брод. Се верува дека остатоците од бродот на плажата ги донел ураганот Фиона.
Како што пренесува Би-Би-Си, се верува дека бродот бил изграден во 19 век, но не се познати повеќе детали.
Канадските служби работат на зачувување на остатоците од потонатиот брод, а потоа ќе има истрага која треба да открие за кој брод точно се работи.