📽 Најавен Zeekr 007

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Кинески Zeekr најави дека кон крајот на месецов ќе претстави нов електричен седан кој ќе ја носи значката 007.

Поточно, 007 ќе биде промовиран на 17 ноември на саемот за автомобили во Гуангжу, а тој е четврти модел од оваа марка, по лифтбекот Zeekr 001, миниванот Zeekr 009 и компактниот теренец Zeekr X.

Должината на 007 е 4865 mm, ширината 1900 mm, висината 1450 mm и меѓуоскиното растојание 2928 mm.

Zeekr сè уште не објави слики од внатрешноста, но се очекуваат посебни екрани за инструмент таблата и мултимедијалниот систем, типични за Zeekr.

Zeekr 007 е базиран на архитектурата PMA2+, која е модифицирана верзија на платформата SEA и вклучува електричен систем од 800 волти и автопилот со три лидари.

Се уште нема информации за електромоторите, но можно е Zeekr 007 да се нуди со погон на сите тркала, односно со сетап со два мотори.

Слични содржини