📽 Направена пародија од потресните мемоари на Бритни Спирс, потегот наиде на бројни критики

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Пејачката Бритни Спирс ги објави своите мемоари „The Woman In Me“, во кои таа зборува за трауматични настани од нејзиното минато – контролата на нејзиното семејство врз неа, минатите врски, начините на кои музичката индустрија ја експлоатирала – и едно популарно шоу во Америка одлучи да ја исмејува за тоа што го напишала.

Популарниот SNL, или Saturday Night Live, кој вообичаено содржи комедија и пародии на актуелните настани во својата основа, одлучи да направи скеч во кој, наводно, јавните личности се обидуваат да ја прочитаат книгата на Бритни Спирс, а публиката го дочека ова „на нож“.

Обожавателите на поп ѕвездата тврдат дека ваквата трауматична приказна никако не може да биде предмет на потсмев и пародија и дека SNL направил грешка со емитувањето на оваа програма.

Бритни Спирс засега не се огласи во врска со овој настан.

Во видеото подолу можете да погледнете краток клип од пародијата.

Слични содржини