На интернет се појави ново видео снимено непосредно пред обидот за атентат врз Доналд Трамп, што поттикна нови прашања за безбедносните пропусти што овозможија инцидентот да се случи.
На видеото се гледа дека граѓаните многу порано го забележале 20-годишниот Томас Метју Крукс кога се качил на покривот од кој пукал во поранешниот претседател.
„Оди на покрив, го гледаш ли? лежи ли?“, „Да, да, лежи“, „Некој е на покривот!“, се само дел од коментарите на учесниците на митингот, додека последниот беше упатен до локалниот полицаец.
BREAKING:
New video shows just how early on people spotted the Trump shooter and started alerting the police pic.twitter.com/ZC2wrsJNfm
— Visegrád 24 (@visegrad24) July 15, 2024
Како што пренесува АП повикувајќи се на безбедносни извори, локален полицаец се качил на покривот и го видел Крукс како впери пиштол кон Трамп. Потоа, според истите извори, полицаецот се повлекол, а Крукс отворил оган за неколку секунди.
Во исто време, претставник на Тајната служба кој разговарал за „Њујорк тајмс“ ја обвини локалната полиција за пукањето.
Според Ентони Џулеми, 20-годишникот бил надвор од периметарот што го обезбедувале агентите на Тајната служба.
Според него, Тајната служба била одговорна за безбедноста на местото на митингот на Трамп, додека локалната полиција во Пенсилванија имала задача да ја обезбедува областа надвор од тоа место.
Меѓутоа, како што пишува „Њујорк пост“, локалните жители изјавиле дека никој во униформи не ги посетил ниту пред ниту за време на митингот на Трамп.
Трамп беше полесно повреден за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, кога беше застрелан од 20-годишниот Томас Метјус Круз. Најмалку еден посетител на митингот загина, а уште две лица кои присуствуваа на митингот се тешко повредени.