Како и секогаш на Еми наградите, така и годинава им е оддадена почест на уметниците кои нè напуштија, меѓу кои е и Метју Пери.
Сегментот In Memoriam секогаш предизвикува солзи, а неговите обожаватели особено биле погодени кога се слушнала темата од серијата Friends.
Музичарот Чарли Пут ја изведе песната See You Again додека на екранот се појавија имињата на починатите уметници.
I was not ready for Matthew Perry at the end 😩 #Emmys2024 #EmmyAwards #Emmys pic.twitter.com/Iq5yMWXfza
— Marie Cervantes (@9woodMac) January 16, 2024
Последната фотографија која ја прикажаа беше на Метју Пери, а Чарли (со придружни вокали) го испеа делот „Cause you’re there for me too“.
„Метју Пери секогаш ќе биде тука за нас“, „Леле, тематската песна на ‘Пријатели’ на оддавањето почест на Метју Пери на Еми навистина ме воодушеви“, „Не бев подготвен за Метју Пери на крајот“, коментираа луѓето на социјалните мрежи.