📽 Рита Ора шокираше со бизарна изјава: „Косово некогаш ѝ припаѓаше на Албанија“

од Stefanija Kuzmanovska
465 прегледи

Пејачката Рита Ора, која е родена во Приштина, даде ново интервју во кое рече дека Косово порано било дел од Албанија, а сега е само „независно Косово“.

Пејачката со албанско потекло гостуваше во американскиот подкаст Dear Media, а делови од него се појавија на TikTok и прилично ги налутија граѓаните на Србија.

„Родена сум на Косово. Во Албанија, добро, сега тоа е Косово, но беше дел од Албанија. Потоа се преселив во Лондон кога имав една година“, изјави Рита Ора во интервјуто.

Водителот на подкастот коментираше дека има многу Албанки во музичката индустрија, а Рита продолжи.

„Тоа е прекрасно, кога почнав во 2012 година, тоа не постоеше. Сега ги имаме Дуа Липа, Бебе Реџа и прекрасно е. Мислам дека е природно да не споредуваат, особено затоа што нема многу… но ние три сме многу различни“, рече таа меѓу другото.

Коментарите под видеото беа сурови.

„Косово никогаш не било дел од Албанија, ама во ред“, „Се прашувам кога Косово беше дел од Албанија“, „Причината што никогаш не ми се допадна е што зборува дека Косово е дел од Албанија“, „Хахахахаха, Косово е дел на Албанија?! Косово никогаш не било дел од Албанија, а пред да почнеш да шириш лаги, прочитај нешто од историјата, те молам“, се дел од коментарите.

@dearmedia We need a @Rita Ora @Ava Max @BebeRexha @Dua Lipa collab asap 🔥 #albainan #albaniantiktok #femalmusicians #musiciancollab #ritaora #notskinnybutnotfat #podcastclips ♬ original sound – Dear Media

Слични содржини