Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро пред неколку дена го прослави својот 69-ти роденден, а на интернет се појави видео од луксузната прослава.
На роденденската прослава не се штедело, а многу пријатели, членови на семејството и роднини се собрале за да ѝ го разубават денот на Долорес.
Познатиот фудбалер на мајка си ѝ подарил автомобил Порше Кајен, кој вреди околу 150 илјади евра, а Долорес не можела да го сокрие задоволството кога го видела скапото возило.
❗️
Cristiano Ronaldo gifts his mother a Porsche Cayenne on her birthday. ❤️pic.twitter.com/eRCEYnXuxX
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) December 31, 2023
„Ако е среќна, тоа е затоа што нејзиниот син мисли на неа, а не поради вредноста на подарокот. Почитувајте ги своите родители и деновите на земјата ќе ви бидат долги“, напиша на Инстаграм сестрата на Кристијано, Катја, која го објави и споменатото видео.
Покрај тоа, Роналдо за нејзиниот роденден ѝ го донел омилениот пејач Луан Сантана, на кој му подари часовник Ролекс.
„Семејството е се“, напиша славниот фудбалер на Инстаграм со фотографии од прославата.
На првата фотографија тој позираше со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез, а на последната фотографија му се придружија сестрите Катја и Елма, братот Хуго и мајката Долорес.