Пејачката Селена Гомез со својот беспрекорен изглед го привлече вниманието на доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес, пренесе Стандард лајф.
Пејачката за оваа пригода избра фустан од модниот бренд Oscar de la Renta, а изгледот го комплетираше Tiffany & Co. ланче од дијаманти, сафири и 35-каратни морганит и дијамантски прстени.
@graziafrance @Selena Gomez resplendissante sur le tapis rouge de la cérémonie des Emmy Awards. ✨ #selenagomez #selenagomezedit #selenagomezvideos #emmys #emmyawards ♬ Pretty (Sped Up) – MEYY
Таа на доделувањето на Еми наградите пристигна со своето момче, продуцентот Бени Бланко. Таа на црвениот тепих позираше со нејзините колеги Стив Мартин и Мартин Шорт.
Да потсетиме, Селена неодамна беше критикувана од голем број корисници на социјалните мрежи откако беше објавено видео како озборува некого со Тејлор Свифт на доделувањето на Златните глобуси. Сметаат дека таквото однесување не било соодветно за престижен настан.
Гомез потоа објави на Инстаграм дека прави пауза од користењето на социјалните мрежи за да се фокусира на важни работи. Меѓутоа, по само 18 часа повторно го активираше профилот и со тоа стана цел на потсмев.