351
Пејачката Северина е член на жирито на хрватското талент шоу „Суперстар“.
Северина сега покажа уште еден талент – дека е многу добра во имитација.
Имено, додека еден од натпреварувачите се претставувал, пејачката заедно со него имитирала јавни личности од балканската и светската сцена, почнувајќи од Јоспипа Лисац.
Она што особено ги насмеа сите е моментот кога Северина ја имитираше една од најпопуларните балкански пејачки Лепа Брена.
Имено, на предлог на Тончи Хуљиќ, Северина се претставила како Брена.
„Почнав како рокенрол пејачка, а потоа се случи мојот менаџер да дојде и да ми каже: Брено, ти мора да пееш за широки народни маси. Така станав и бизнисменка и пејачка“, рече Северина имитирајќи ја Брена и ги насмеа сите околу неа.
@superstarcroatia Tko je pobijedio – Severina ili Marko? 😎 #superstarhr2023 #superstar #rtlhrvatska #voyohr ♬ original sound – SuperStar Croatia