Во повеќето регионални медиуми одекна веста дека на пејачката Северина ѝ е одземено старателството над синот Александар.
Ова се случи откако Вишиот суд во Хрватска ја поништи претходната одлука на Жупанискиот суд во Сплит, според која старателството беше поделено меѓу мајката и таткото, бизнисменот Милан Поповиќ.
Пејачката неколку пати се огласи на оваа тема и ги сподели на Инстаграм пораките со поддршка кои ги добива од бројните фанови и колеги.
Таа сега објави серија фотографии од неа и нејзиниот син, заедно со трогателна порака.
„Во ова тешко време, бесценето е, како заедничка молитва, како обединето човештво, да се знае дека има луѓе кои ми испратија илјадници и илјадници пораки од вчера. Секоја од нив ја прочитав неколку пати, солзите од тага и радост беа измешани затоа што чувствувам дека луѓето се секогаш тука кога се работи за неправда. Случајот на моето дете не е единствениот, ми пишуваат многу мајки, а јас се извлекувам од овој кошмар со ветување дека ќе им помогнам. Искрено, не знам како, но ако ова е мојот повик од горе, ќе одам до крај. Ви благодарам на сите за хуманоста и што ми помогнавте со вашите прекрасни пораки“ напиша Северина со видео во кое се прикажани заедничките моменти од неа и Александар, придружено со порака на англиски јазик.