Северина Вучковиќ синоќа одржа концерт во Јахорина, што беше нејзин прв настап откако ѝ беше одземено старателството над синот Александар.
Северина на почетокот на концертот ѝ се обрати на публиката и со моќен говор откри како се чувствува по одземањето на старателството.
„Не станав од кревет четири дена. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да си ја средам косата и да ви се поклонам. Најпрво да им се поклонам на сите мали и слаби жени кои ми дадоа сила. Колку убаво ми кажа претседателот на Врховниот суд… деновиве дури наоѓам сила да станам од кревет и да го испратам моето дете на училиште и на сите вас на кои им давате неизмерна љубов, да се обидам лично да ви се заблагодарам“, рече таа меѓу другото.
Кога дојде моментот да го отпее хитот Rođeno moje, кој е посветен на нејзиниот син, Северина целосно се скрши на сцената.
Таа ја сними песната откако пред пет години за првпат го загуби старателството над синот.
Веќе со првите стихови гласот почнал да ѝ трепери и едвај издржала да отпее само дел, па се расплакала.