Софија Вергара неодамна гостуваше во емисија на шпанска телевизија, а исечок од истата се шири на социјалните мрежи.
Имено, актерката зборувала за улогата во серијата „Модерно семејство“, но името на споменатата серија го изговарала со шпански акцент, поради што водителот ја замолил да го повтори името.
„Како се изговара ‘Модерно семејство’?“, се обиде да ја задева, но таа имаше подготвен одговор.
@loquepille__ #sofiavergara #pablomotos #elhormiguero #humor #modernfamily #latam #españa #usa #polemica ♬ sonido original – loquepille_
Наместо тоа, Вергара почнала да зборува на шпански, прашувајќи го дали нешто погрешно изговорила.
„Тоа е затоа што зборуваш англиски подобро од мене?“, додаде актерката.
Но не застана тука, па го праша колку номинации добил за Еми и Златен глобус, алудирајќи на големиот број што е резултат од нејзината вклученост во серијата снимана во периодот од 2009 до 2020 година.