📽 Тешко болната Кристина Еплгејт се расплака на доделувањето на Еми наградите

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Синоќа во Лос Анџелес по 75-ти пат беа доделени престижните Еми награди.

Кристина Еплгејт, која долго време се соочува со здравствени проблеми, ги изненади сите кога се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите во понеделникот вечерта.

Популарната актерка, на која пред три години ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, излезе на сцената со помош на стап за одење, додека водителот Ентони Андерсон ја држеше под рака.

„Ви благодарам многу, о Боже мој, сега ми е непријатно што станавте. Оземпик не се погрижи за моето тело“, се пошегува актерката, а нејзиниот коментар се однесува на лекот за слабеење кој им помогна на бројни холивудски ѕвезди да ослабат.

„Можеби ме познавате од сериите Married with children, Samantha who или како Џен Хардинг од серијата Dead to me. Ќе се расплачам, ќе плачам уште повеќе отколку што плачам сега. И сите овие години ми беше чест да глуми смешни, проблематични, сложени ликови“, изјави таа.

Актерката ја доби престижната награда за улогата во серијата The Bear, пренесува DailyMail.

Слични содржини