📽 Ученичка отворила оган во училиште во Русија, а потоа се самоубила: Има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Во четвртокот наутро дошло до пукање во училиште во областа Брјанск во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција ТАСС.

„Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати“, рекол изворот.

„Според првичните информации, ученичката испукала неколку истрели, при што пет лица се повредени. После тоа, девојчето се самоубило“, соопшти полицијата.

Се утврдуваат мотивите и околностите на настанот.

Слични содржини