По земјотресот со јачина од 6,9 степени, уште еден земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт, при што локалната метеоролошка агенција предупреди дека огромни бранови цунами ќе ги погодат крајбрежните области.
Цунами до еден метар се очекува да ги погодат или ги погодија некои од крајбрежните области на островите Кјушу и Шикоку, објави телевизијата NHK.
7.1 Earthquake Hits in Miyazaki, Japan#earthquake #sismo #terremoto #temblor #quake #tsunami
Long Version:https://t.co/9EELduRvLC pic.twitter.com/UFCThLxNkh— Meteor News (@FishNewsChannel) August 8, 2024
„Бранови цунами постојано ќе има. Ве молиме не влегувајте во морето и не се приближувајте до брегот додека трае предупредувањето“, објави Јапонската метеоролошка агенција на Икс.
Засега нема извештаи за било каква штета.
Институтот соопшти дека првиот земјотрес се случил во 16:42 часот (07:42 GMT) на длабочина од 33 километри, околу 29 километри југоисточно од Мијазаки на Кјушу. Вториот земјотрес се случил помалку од една минута подоцна на длабочина од 26 метри и на 20 километри североисточно од Мијазаки.