📽 Видео од бодрењето на Тејлор и Блејк на Супер Боул стана хит на мрежите, актерката дури и опцу

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

Пејачката Тејлор Свифт привлече големо внимание на Супер Боул. Таа од трибините го бодреше своето момче Тревис Келси кој игра за Канзас Сити Чифс.

Неговиот тим триумфираше со резултат 25:22, а во тој момент Тејлор почна да вика и да скока радувајќи се.

Пејачката на натпреварот пристигна во друштво на своите пријателки Блејк Лајвли и Ајс Спајс, а трите со голема возбуда го следеа натпреварот.

Видео од бодрењето на Тејлор и Блејк стана хит на социјалните мрежи. Тоа беше момент кога ситуацијата на теренот, судејќи по нивните реакции, беше доста напната, а Блејк во еден момент дури и опцу.

„Никогаш не сум ги видел Тејлор Свифт и Блејк Лајвли под толку голем стрес“, гласи описот на видеото.

Слични содржини