📽 Вонредна состојба во тропскиот рај: Експлозија предизвика поплави, аеродромот оштетен

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Вонредна состојба е прогласена на Сејшелите по експлозијата во индустриската зона на најголемиот остров Махе и последователните поплави. Експлозијата срамни со земја деловна зграда и уништи блиски станбени згради, оставајќи зад себе трага на уништување долж источниот брег на островот, јавува Би-Би-Си.

Вавел Рамкалаван, претседателот на Сејшелите, им нареди на граѓаните да останат дома. Во експлозијата што се случила во два часот по полноќ по локално време, неколку лица се повредени, а неколку од нив морале да бидат евакуирани од своите домови. Експлозивот бил складиран во четири контејнери во градежна компанија и компанија за вадење камен.

Оштетен е и меѓународниот аеродром, иако е оддалечен четири километри, училиштата се затворени, додека болниците работат само за итни случаи.

„Меѓународниот аеродром на Сејшелите се уште работи како и траектните линии меѓу островите“, стои на официјалниот профил на земјата на X.

Владата на Обединетото Кралство ги советуваше своите граѓани на островот Махе да останат дома до понатамошно известување. Екстремно обилниот дожд во текот на ноќта предизвика поплави и лизгање на земјиштето, што ги стави екипите за одговор при итни случаи под дополнителен притисок.

Три лица загинаа кога нивните домови беа уништени. Поради поплави, отпадните води се слеваат во океанот, па на луѓето им се препорачува да не пливаат. На националната телевизија Рамкалаван ги нарече катастрофите голема катастрофа и апелираше до граѓаните да се солидаризираат со настраданите.

Слични содржини