📽„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерство

од Nikola Popovski
24 прегледи

На првиот успешно реализиран алкалоидов настан „Развој на лидерството“ менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки.

По воведното обраќање на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на настанот беа еминентни светски експерти од областа: Хари Крамер, поранешен извршен директор на „Бакстер интернешанал“, автор, професор и извршен партнер во „Келог школа за менаџмент“, и Оливие Сибони, поранешен сениор партнер во „МекКинси & компани“, француски консултант, академик и автор, професор на „ХЕК Париз“.

„Голем предизвик за сите компании во денешно време не е само регрутирањето на најдобрите кандидати на пазарот на трудот, туку и задржувањето преку креирање мотивирачка и инспиративна работна средина во која луѓето целосно ќе ги вложат своите потенцијали“, истакна генералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата, Живко Мукаетов, нагласувајќи:

„Одликите на менаџерите, нивните компетенции, знаење, вештини и континуираното надградување може да направат вистинска разлика во севкупните перформанси на компанијата, затоа што секој производ, секој бренд и секој потфат на ’Алкалоид’ се должат на ЛУЃЕТО пред сѐ. Лидерството е динамичен процес за кој се неопходни многу жртви, приспособувања, силна волја, посветеност и напорна работа, а добрите лидери секогаш креираат нови лидери.“

Наменет за менаџерскиот тим на „Алкалоид“ во земјава и во ентитетите во странство, овој настан е уште еден доказ за целосната посветеност на компанијата за јакнење на лидерските способности и за инвестирање во професионалниот раст и развој на својот менаџмент. 

Слични содржини