📽Герасимовски: МВР веднаш да реагира за вандалското однесување во Капиштец!

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Во населбата Капиштец, вчера повторен вандализам од малолетни лица со непримерно однесување. Група малолетници кршеле шишиња, палеле петарди и предизвикувале тепачки, со што директно го загрозувале јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, сподели синоќа градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, вели градоначалникот Герасимовски.

„Очекуваме брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија. Малолетниците кои се вклучени во вакви дејства, како што е вандализмот, често не се свесни за последиците од своето однесување. Ова не само што им наштетува на другите, туку можат да се повредат и тие самите“, истакна тој.

Слични содржини